Без разлика на повратниот удар на францускиот амбасадор кој практично го вети тоа пред многу месеци, Македонија заслужува почеток на преговори многу повеќе од Албанија.
Македонија е во многу елементи и пред Србија. А да не зборуваме за Косово па се до НАТО перцепцијата на граѓаните во Србија. Македонија апсолутно заслужува почеток на преговори. Точно е тоа што никој не знае како ќе изгледа ЕУ од 2019 па натаму. Бриселскиот буџет,би рекол,прави драматично свртување и ја почнува поделбата на ЕУ.
Само еден мал детал укажува на тоа. Брисел во наредниот период има намера да „истури” фондови во Шпанија и Грција. Истите фондови што ги „истураше” во Полска, Унгарија и останатиот дел од вишеградската група во изминатиот период. Брисел практично почнува војна за европските мориња.
Само овој пат не со Русија, туку што мислите со кој? Во тој контекст е и одлагањето на Хрватска и Бугарија за влез во еврозоната.
Без разлика на ова погоре,изборите во ЕУ се само добар изговор за овој нон-пејпер и предлог за непочеток на преговори. Македонија апсолутно заслужува почеток на преговори без разлика за кој дел од ЕУ ќе преговара во иднина.