Ноле рекордер!

833

Новак Ѓоковиќ ја запиша 14-та победа во сезоната. Во првото коло во Дубаи, српскиот тенисер го совлада Малик Џазири со 6:1, 6:2 и со 37 триумфи е рекордер на турнирот на кој има и шест порази.

– Одличен начин за почеток на турнирот. Ми недостасуваше натпреварувањето во Дубаи. Навистина уживам овде и во игрите во ноќни термини. Задоволен сум од сопственото издание, иако знам дека треба работа за подобрување на некои елементи – рече Ѓоковиќ.

Негов следен ривал на турнирот ќе биде Германецот Филип Колшрајбер. Ѓоковиќ досега четири пати го освојување трофејот во Дубаи – во 2009 година, во 2010 година во 2011 година и во 2013 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...