Пратеничката Нола Исмајловска Старова за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците.
„Гласав за отворање на Уставот, токму за да придонесам кон подобрувањето на решенијата, а со тоа и да помогнам за процесот. Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката која што ја донесов во македонското Собрание. Мојата постапка е исклучиво водена од желбата за просперитет на Македонија“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.