Нов Фронт ќе се бори за развој на албанските средини

Овој Фронт ќе биде промовиран наскоро и ќе делува како граѓанска организација, но, ако нема сериозни реформи во постојните политички партии, можно е да понуди излез од постојниот грч, особено кај албанскиот дел. 

322

Стотина универзитетски професори, експерти, интелектуалци и бројни загрижени граѓани формираат Фронт кој ќе биде фокусиран кон развојот на демократијата, почитувањето на законите, брзото интегрирање во НАТО и ЕУ и дефинирање на ефикасна стратегија за економски развој.

Основачите сметат дека постојната политичка репрезентација, посебно кај Албанците е разочарувачка, дека владее безидејност, непосветеност и тотална непрофесионалност во економскиот развој. Администрацијата во голема мера или нема капацитет или не е подготвена професионално да излезе во пресрет на развојните потреби на општеството, или пак самата е корумпирана, па затоа ги кочи приватните иницијативи.

Основачите сметаат дека општиот застој е особено присутен во средините каде што живее албанско население и дека таквиот грч со години се покрива со лажен патриотизам. Според основачите, етничките прашања долго време биле злоупотребувани и биле маска зад која се крие организиран криминал.

Тие ветуваат дека организирано ќе работат како мултиетничка организација и дека е време, сите заедно без оглед на етничката припадност да се фокусираме кон економскиот развој на државата, зајакнување на вработеноста, зголемување на човечкиот стандард, спречување на иселувањето на младите, обезбедување владеење на правото, принципиелната борба против корупцијата, правата на човекот итн.

Овој Фронт ќе биде промовиран наскоро и ќе делува како граѓанска организација, но, ако нема сериозни реформи во постојните политички партии, можно е да понуди излез од постојниот грч, особено кај албанскиот дел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...