„Жолтите елеци” денеска повторно на антивладините протести во Париз и други француски градови.
Демонстрантите се собраа пред Триумфалната порта во Париз, од каде го почнаа денешниот марш.
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш повика на почитување на мирот и го нарече насилството на протестите, кои започнаа во ноември, „неприфатливо”.
Организаторите велат дека сакаат да продолжат со притисок врз Владата, за да им овозможи на граѓаните да ги изразат своите ставови за економските и демократските проблеми. Владината „голема дебата” за оваа тема, која трае два месеца, ќе заврши во текот на март.
Photo: EPA / IAN LANGSDON