Нов парк за миленици во Карпош

334

На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, Општина Карпош постави нов парк за миленици.

Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со клупи за седење и корпи за отпадоци.

На неформална средба градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, советниците Владимир Станивуковиќ и Филип Даскаловски, разговараа со граѓаните – сопственици на кучиња, кои секојдневно го минуваат слободното време во овој парк.

Граѓаните разменија мислења со градоначалникот за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста за односот кон животните, како и подготвеност за заедничко организирање на настани на оваа локација.

Овој дел од Карпош, полека прераснува во убава зона за спорт и рекреација. На овој потег веќе се постави и фитнес зона, во соработка со компанијата „Бимилк“, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при Општина Карпош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...