Нов напад врз саудиски аеродром

258

Јеменските шиитски бунтовници Хути денеска извршија нов напад врз цивилниот аеродром во близина на планинското одморалиште Абха во југозападниот дел на Саудиска Арабија, како одговор на серијата воздушни напади на силите на арапската коалиција предводена од Ријад врз нивни цели во Јемен.

Бунтовниците соопштија дека со помош на дронови извршиле неколку напади врз аеродромот кај Абха.

Хутите извршија ракетен напад врз овој аеродром и пред два дена, при што беа повредени 26 лица. При нападот беа нанесени сериозни оштетувања на терминалот на аеродромот, поради што тој беше затворен за сообраќај неколку часа.

Во врска со нападот од средата, Саудиска Арабија обвини дека тој е извршен по наредба на Иран, кој ги поддржува Хутите.

– Натамошното агресивно однесување на иранскиот режим и неразумната ескалација, било директно или преку неговите милитантни групи, ќе доведе до тешки последици – изјави вчера саудискиот заменик-министер за одбрана, принцот Халед бин Салман.

Тој најави дека на „ова злосторство на Хутите“ Саудиска Арабија ќе одговори со непоколеблива решителност. Н

– Нивниот избор да нападнат цивилен аеродром му ја покажа на светот неразумната ескалација на тензиите од страна на Иран и опасноста што тој ја претставува за регионалната безбедност и стабилност – изјави принцот Халед, кој е син на саудискиот крал Салман.

Принцот, при тоа, го обвини Иран дека во последниве 40 години „шири хаос, смрт и уништување, преку спонзорирање и финансирање на терористички организации“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...