Нов Зеланд се збогува со жртвите, се идентификуваат загинатите

316

„Ние сме едно срце“, „Вие сте наши пријатли, ќе ве гледаме додека се молите“. Вакви пораки, полни со солидарност и шок оставија жителите во Крајстсрч во ботаничката градина, по терористичкиот напад што се случи во двете џамии, пренесува Би-би-си на нивниот официјален инстаграм профил.

Голем број граѓани излегоа на улиците во Крајстсрч за да се опростат со жртвите. Во нападот што се случи вчера во двете џамии загинаа 49 лица, а десетици беа повредени. Нападот го изврши Австралиецот Бренрон Тарант кој денеска беше изнесен пред судот.

Идентификувани се првите жртвина терористичкиот напад во Кристчрч, јавува Би-би-си.

Потврдено е дека во нападот на двете џамии загинале 49 лица. Службите сега имаат тешка работа да ги идентификуваат жртвите.

Јасно е дека жртвите потекнуваат од различни делови на светот и дека многу од нив се бегалци кои верувале дека дошле во сигурна земја.

Бројни семејства сѐ уште не стапиле во контакт со своите најблиски и чекаат вести за нив.

Властите сѐ уште официјално не ги потврдиле имињата на исчезнатите и загинатите, но тоа го сториле нивните семејства.

Даоуд Наби е првата идентификувана жртва. Имал 71 година. Тој е Авганистанец, а со семејството се преслил во Нов Зеалнд во 1980 година, кога бегале од советската инвазија, јавуваBBC.

Во нападот загинало и 14 годишно момче Сиад Милне, кој бил фудбалер. Тој во џамијата бил со својата макја.

Нехем и Талха Рашид се браќа. Нехем се обидел да му ја земе пушката на напаѓачот и бил тешко танет, по што починал. Брат му Талха е ранет.

Убиени се и три лица со потекло од Бангладеш, а настрадани има и од Сирија.

На списокот на исчезнати се наоѓаат лица од Индија, Бангладеш, Авганистан и Саудиска Арабија.

Најмалку четворица убиени има од Сомалија.

На страницата на Црвен крст во Нов Зеланд објавени се имињата на исчезнатите лица, чиј број расте.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...