Нов Зеланд порачале повеќе од 100 метри квадратни кожа за преживеаните од вулканската ерупција

734

По ерупцијата на вулкан во Нов Зеланд, на островот Вајт, тамошните власти порачале 110 квадратни метри кожа за преживеаните лица.

Во моментот кога се случила самата ерупција, на островот имало 47 луѓе.

Осумина од нив се потврдени за починати, а 25 се во болница во критична состојба, пренесува Си-Ен-Ен.

Потрагата продолжува за оние кои се сметаат за исчезнати, но властите стравуваат дека тие не преживеале.

Многумина преживеани претрпеле големи изгореници по ерупцијата и на докторите итно им е потребна кожа за да ги излечат повредите.

Вчера, медицинскиот персонал во Нов Зеланд објави дека 27 лица во болницата имале изгореници на најмалку 30 отсто од нивните тела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...