Нов закон за работни односи: Жените со 60 и мажите со 62 години ќе работат 6 часа за иста плата

Дополнително, наведуваат од порталот, ќе биде воведена можност државата да субвенционира ангажман на млади кадри кои ќе ги заменуваат во преостанатите 2 часа.

6327

Новиот закон за работни односи што го подготвува Министерството за труд и социјална политика ќе го содржи и ветувањето на СДСМ дадено пред парламентарните избори дека ќе го намали работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.

Порталот Локално објави дека е планирано оти жените работнички со навршени 60 години старост ќе работат 6 часа, а ја задржуваат целата плата до пензија, а мажите работници со навршени 62 години старост, исто така, ќе работат 6 часа и до пензионирањето ја задржуваат целата плата.

Ќе биде воведе и можност државата да субвенционира ангажман на млади кадри кои ќе ги заменуваат  повозрасните работници во преостанатите 2 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...