Ново Село ќе бира градоначалник во вториот круг

550

Општината Ново Село денеска не избра нов градоначалник, покажуваат податоците од изборните штабови на двете македонски партии кои учествуваа во локалните избори со свој кандидат, јави МИА.

Според податоците од Државната изборна комисија од избројани половина од гласачките ливчиња кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николчо Стоилков води со освоени 49,64 од гласовите додека неговиот противкандидат од СДСМ Никола Андонов освоил 48,54 проценти од гласовите.

Според податоци од штабовите на двајцата кандидати има голем број неважечки ливчиња и најверојатно тие пресудиле да нема победник денеска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...