Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Рекет”, каде што се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.
Претходните две рочишта не се одржаа поради боледување на судијката Васка Николовска-Масевска и поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски.
Судењето за овој предмет е во фаза на презентирање материјални докази од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.