Ново игралиште во училиштето „Златан Сремац“ – искршено уште пред да биде отворено

260

Во дворот на основното училиште ” Златан Сремац” во населбата Кисела Вода  за утре е најавено отворање на спортско – рекреативно катче за ученици со посебни потреби. Но, неколку дена пред отворањето, односно во неделата навечер, игралиштето било иискршено.

Наставници од  „Златан Сремац“ и локалните жители велат дека станува збор за донација, односно за инклузивно игралиште за учениците во ова училиште, како и за деца од надвор. Штетата, велат, дека ќе биде поправена до отворањето на игралиштето, ама посочуваат дека има потреба од чувар, затоа што игралиштето денес ќе се поправи, ама утре може повтпрно да биде искршено. И учениците повторно ќе нема каде да се рекреираат, со оглед на тоа што ова е единствено игралиште и зеленило во овој дел на Кисела Вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...