Новото име за домашна употреба ќе се имплементира етапно

305

Република Северна Македонија за домашна употреба ќе се имплементира етапно, најави премиерот Зоран Заев.

Како ќе се отвораат поглавјата во преговорите со ЕУ така во рок од пет години ќе мора да почне да се употребува името.

– На пример, когаќе се отвори поглавјето образование во рок од пет години во дипломите кои ги издаваат нашите универзитети ќе треба да пишува Република Северна Македонија – појасни Заев.

Тоа што не е опфатено во поглавјата, дома ќе почне да се применува откако ќе станеме полноправна членка на НАТО.

Заев одговарајќи на новинарско прашање појасни и како ќе се именуваат институциите. Тоа што е поврзано со државата ќе биде со новото име. На пример, Министерство за здравство на Република Северна Македонија, а кога ќе зборуваме за здравство ќе зборуваме за македонското здравство а не за северномакедонско здравство, појасни Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...