Новозеландската премиерка роди ќерка

Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн за првпат стана мајка, а на должноста како премиер ќе се врати во август.

499

Новозеландската премиерка, Џесинда Ардерн денеска роди женско бебе, со што стана втора светска лидерка која доби принова среде својот премиерски мандат. Првата беше поранешната пакистанска лидерка Беназир Буто, што во 1990 година исто така роди ќерка.

Ардерн по породувањето, објави и семејна фотографија на Инстаграм, на која се сликани со бебето и со партнерот Кларк Гејфорд во Градската болница во Окланд.

Бременоста на премиерката на Нов Зеланд ја следеше целиот свет, а луѓето со нетрпение чекаат да видат и како Ардерн ќе ги комбинира државничките задачи со мајчинството.

Вршител на должноста премиер на Нов Зеланд моментно е потпретседателот на Владата, Винстон Питерс, а Ардерн планира шестмесечно отсуство пред да се врати на работа. Но, и во тој период, таа ќе биде консултирана за важните одлуки, како што се оние поврзани со националната безбедност.
ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...