Новогодишна претстава за децата од семејства во социјален ризик

42

Во организација на ЕВН Македонија и Црвниот крст на Град Скопје денеска ќе биде изведена Новогодишна претстава подготвена од актерската екипа на Снежана Коневска Руси, со цел забава и дружење со волонтерите на ова организација за најмладите од повеќе иституции, дневни центри и семејства во социјален ризик.

Претставата ќе се одржи во салата на ДХО Даре Џамбаз со почеток во 11:00 часот.

– Водени од идејата дека секој човек, особено дете, треба да ја почувствува празничната атмосфера за  време на новогодишните празници ЕВН и Црвениот крст организираат хуманитарни настани под мото: „Да споделиме радост“. ЕВН донира  500 новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од  Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип, соопштуваат од ЕВН Македонија.

– Ве очекуваме заеднички да им ги разубавиме новогодишните празници на оние кои имаат потреба од дополнителна помош и поддршка за да ги доживеат весело престојните празници, соопштуваат од Црвен крст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...