Новогодишна забава со „Парни ваљак“ и други изведувачи од 21 часот на скопскиот плоштад

565

Аки Рахимовски и „Парни ваљак“, неколку македонски пејачи, диџеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани, но и жителите на другите градови од земјата, во најлудата ноќ.

Новогодишната програма ќе почне во 21 часот и ќе трае до еден часот по полноќ, а според прогнозата од УХМР, температурата во највеселата ноќ ќе се движи околу нулата.

Програмата веќе започна напладне, со традиционалното пристигнување на Дедо Мраз на скопскиот плоштад.

На плоштадот „Македонија“, во организација на Градот Скопје, се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба „Винтерленд“, каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...