Новогодишен концерт на Филхармонија со дуото Гурфинкел од Израел

116

„Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика.

– Тие ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност…, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ… – соопшти Филхармонијата за концертната програма.

Диригент на концертот е Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како дуо кларинети Гурфинкел, кои веќе се етаблирани меѓу најзначајните современи музички уметници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...