Нови 200 дрвја во Карпош

157

Во населбата Карпош 3 денеска започна големата еколошка акција во која ќе се засадат 200 нови дрвја во неколку урбани заедници во оваа општина. Акцијата е по повод 42. роденден на општината Карпош, а почна на улицата Никола Русински, наспроти Сити Мол – информираа од оваа општина.

Денес почнуваме со засадување на 11 големи дрвја – јавори, а во текот на целиот месец ноември ќе насадиме уште 190 висококвалитени дрвја и 50 украсни растенија-грмушки од типот на лаванди, изјави градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев. Бидејќи концептот за зелен Карпош нема алтернатива, решивме годинава, наместо прослави, да организираме вакви корисни акции за граѓаните. Знаеме дека доаѓа период на зголемено загадување, па оттаму решивме да засадиме нови дрвја кои се природен филтер на воздухот, а со редовно чистење на дивите сметлишта (т.н. депонии), преку контроли на палењето огнови на отворено, инспекторски и низа други активности, ќе работиме на зачувување на животната средина во Карпош – истакна градоначалникот Богоев.

На почетокот на пролетта, како што информираат општинарите, беа засадени 113 високорастечки дрвја, потоа во акција заедно со Градот Скопје, долж булеварот „8 Септември“, беа поставени нови садници.

Овојпат акцијата за зазеленување е во пресрет на Денот на oпштината – 3. ноември. 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...