Нови шест случаи со морбили, хоспитализирано бебе со Даунов синдром

100

До вчерасе регистрирани шест нови случаи на морбили, информира Министерството за здравство.

– На клиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување, стои во соопштението.

Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно 6-годишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и 4 возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово), кои се пуштени на домашно лекување.

Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата се вакцинирани вкупно 5.107 деца.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...