Нови сведоци за нападот врз Села, меѓу нив уште еден пратеник

812

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири.

На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски.

Во овој случај обвинети се Кире и Цео Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...