Нови Сад утрово осамна излепен со плакати со навредливи пораки до учесниците на вечерашниот граѓански протест.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, плакатите главно се наоѓаат долж рутата низ која ќе се движи протестната колона под слоганот „Еден од пет милиони” и на која ќе учествуваат актерот и лидер на Движењето на слободни гражани (ПСГ), Сергеј Трифуновиќ и карикатуристот Предраг Кораксиќ – Коракс.
Засега нема информации за тоа кој стои зад плакатите со пораката: „Се успеаја да уништат, сjeбат и испокрадат, а сега ве водат како стока низ градот“.
ФОТО: МИА