Нови работни места за 1.323 млади до 34 години

174

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и адмнинистрација (МИОА), со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и преквалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

По учеството во предвидените мерки невработените лица кои нема да се вработат, ќе имаат можност за искористување други програми и мерки од Оперативниот план.

Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95 отсто реализација, а очекувањата се планот за 2019 година да има уште поголем успех, наведуваат од МИОА.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...