Граѓаните за да се исклучат од парно од денеска ќе треба да докажат дека ќе се топлат на подобар енергенс, предвидува Законот за енергетска ефикасност кој стапи на сила.
– Граѓаните приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучат од системот за греење само во случај кога новиот систем на кој планираат да се приклучат обезбедува подобри енергетски перформанси – велат од Министерството за економија кое го подготви ова законско решение.
Дополнително овие граѓани ќе треба да обезбедат писмена согласност за исклучување од системот за централно греење од мнозинството од вкупниот број сопственици на зградата.
Оние граѓани, пак, кои ќе сакаат да се приклучат на парното, односно да се вратат во системот ,ако биле исклучени ќе можат тоа да го сторат веднаш, со поднесување барање за враќање во системот.