Германскиот весник „Билд“ попладнево објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама,поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија.
Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја,кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.
– Прислушуваните разговори се од досијето 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција – пишува новинарот Питер Тиде.
Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната админстрација му е забрането учество во изборна кампања или избор за некоја политичка партија во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.
И во останатите снимки, функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте.
Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досијето.
-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство а е направено со флагрантно кршење на законот,соопшти обвинителството.