Петте нови членови на Судскиот совет денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Нови ченови на Судскиот совет се Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји.
Судијката од Основниот суд Скопје 1, Гордана Спиревска во изјава за медиумите посочи дека како член на Судскиот совет ќе биде отпорна на политички влијанија.
-Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија – изјави Спиревска и додаде дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите