Новите хартиени сламки на Мекдоналдс не можат да се рециклираат

664
ФОТО: Pexels / Бесплатна фотка / не пишувај ова не мора

Новите хартиени сламки на Мекдоналдс, за кои американската компанија за брза храна ги опишува како еколошки, не можат да се рециклираат, објави Би-Би-Си.

Мекдоналдс минатата година ги исфрли од употребна пластичните сламки во сите свои ресторани во Велика Британија, иако можеа да се рециклираат, во согласност со еколошките одлуки.

Aмериканскиот гигант за брза храна наведува дека новите хартиени сламки можат да се рециклираат, но оти поради нивната дебелина е отежнат процесот.

– Како резултат на повратни информации на купувачите ги зајакнавме хартиените сламки, така што иако материјалот може да се рециклира, нивната моментна дебелина го отежнува процесот – изјави портпаролот на Мекдоналдс.

Хартиените сламки ги произведува „Трансенд пекиџинг“ во јужниот дел на Велс.

И дел од клиентите на Мекдоналдс изразија незадоволство од новите сламки, наведувајќи оти тие се топеле пред да го испијат пијалакот, а посебно „милкшејкот“.

Компанијата соопшти дека работи на изнаоѓање на решение, а 51.000 конзументи потпишаа петиција за враќање на пластичните сламки во рестораните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...