Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име истакна дека согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек.
– Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек, напиша таа на нејзиниот Фејсбук .
Таа нагласи дека проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед.
Вели роковите за нарачка не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.
– Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството, додава таа во статусот на Фејсбук.