Новиот претседател влезе во вила „Водно“

863

Во вила „Водно“ се одржа фицијалната церемонија на која досегашниот претседател Ѓорге Иванов му ја примопредава функцијата на Стево Пендаровски.

Церемонијата беше со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски, според агендата, треба да одржат тет-а-тет средба. Потоа ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе има и билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на  Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Новиот претседател на државата ќе има билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...