Ова го истакна денеска новиот министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на средба со новинари.
– Сакам да се погрижам да се соочиме со нашите еколошки проблеми за да оствариме најдобра иднина за нашите деца. Други земји, дури и малите како што е нашата покажаа дека е можно да се направат паметни еколошки одлуки кои носат и нови работни места – рече Нуредини.
Тој смета дека треба да се размислува за паметни начини за да се отстрани отпадот и да се рециклира, да се размислува за алтернативни начини за затоплување на домовите. Тој вели дека добар пример е Љубљана во Словенија, односно по кој пат се движи во делот на животната средина.
– Треба да најдеме најдобри примери за најдобри практики и да се обидеме да ги имплементираме овде – вели Нуредини.
Додаде дека посебен акцент ќе се даде на селектирање на отпадот, и ќе се обидат да внесат надворешно искуство со цел да ја намалат количината на отпадот што треба да заврши во депониите.