Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

861
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

На владината седница денеска помина одлуката за избор на новата локација за изградба на новиот Клинички центар. Локацијата ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека била изготвена соодветна методологија од страна на работната група која ја основале во Министерството за здравство, а која ја сочинуваат експерти од министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, агенциите за просторно планирање и за катастар.

– Се бодуваа трите локации во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец кои стигнаа како предлози до Министерството за здравство. Овој тим експерти разработи методологија, ги бодуваше и со соодветни коефиценти ги мереше овие карактеристики, а има бројни карактеристики на земјиштето и се донесе заклучок дека е идеална локацијата во Ѓорче Петров прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини, практично целото земјиште е државно – рече Филипче по посетата на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод донација на прочистувачи за воздух.

Тој додаде дека со моделот за приватни јавни партнерства сакаат да ги искористат и постојните капацитети на приватните болници во смисла на заедничко менаџирање, за да обезбедат што подобри услови за лекување на пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...