Новиот Клинички центар ќе има 1.300 болнички легла

Информација за изградба на Универзитетски Клинички центар е усвоена на денешната седница на Владата.

547
20151109 Monday 1141 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica

Информација за изградба на Универзитетски Клинички центар е усвоена на денешната седница на Владата, а Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство изготви барање за изразување на интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот Клинички Центар, соопшти Министерството за здравство.

Владата го задолжила Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во Република Северна Македонија.

„Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на Универзитетски Клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект, кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиогравски сали, осум родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност“, се наведуваа во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...