Новиот ден не донесе напредок во преговорите Заев – Мицкоски

Од преговарачкиот тим на власта информираат дека главната цел на опозицијата е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудните органи. За власта, пак, ова е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај јавниот обвинител, предметите на СЈО веќе никако не зависат од политичарите.

835

И по полноќ, нема суштински напредок во преговорите меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев  околу Законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Извори на преговарачките тимови брифираат дека остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и предметите што ги отвори ова обвинителство.

Од преговарачкиот тим на власта информираат дека главната цел на опозицијата е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудните органи. За власта, пак, ова е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај јавниот обвинител, предметите на СЈО веќе никако не зависат од политичарите. Предметите, велат овие извори, зависат исклучиво од независна правосудна институција предводена од јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Од ВМРО-ДПМНЕ не даваат прецизни информации, но посочуваат дека се вртат во круг околу клучните прашања.

Вечерашнава средба следи откако подолг период работните групи од власта и опозицијата не изнајдоа заеднички прифатливи решенија за Законот за ЈО кој треба да се донесе во Собранието со двотретинско мнозинство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...