Новинар од „1ТВ“ телевизијата се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, објави телевизијата „Телма“.
Новинарите на „1ТВ“ се на принуден одмор до 15 август, а во средата беше емитувано последното издание на Централниот дневник.
Од ОЈО вчера информираа дека во врска со истрагата за„Рекет“ изјава дале градоначалникот на општина Карпош и градоначалничката на општина Битола.
Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.