Принцезата Дајана никогаш не била бремена од Доди ал Фаед, ниту планирала брак со него. Бившата сопруга на принцот Чарлс сакала да се раздели со арапскиот милијардер, ова е епилогот по долгогодишните истражувања на новинарот Том Боуен.
Peнe Дeлop, бивш вработен кај Дoди aл Фaед, раскажува дека уште за време на одморот во Сен Тропе, имало тензија меѓу Доди и Дајана. Принцезата нема никаква намера да се омажи за Доди и му дала јасно до знаење, дека не сака да биде вовлечена во брак, по разводот со принцот Чарлс.
Меѓу двојката имало напнатост уште во Сен Тропе. Но Делор откри дека одлуката на Доди да останат во Париз, ја разгневило Дајана, Таа имала намера да се врати во Лондон и да поминува повеќе време со децата, пред да се вратат на училиште.
Покасно таткото на Доди тврдеше дека милионерот сакал да останат во Париз и да и купи веренички прстен на Дајана.
Иако се појавија шпекулации дека кралското семејство стои зад несреќата, вистината е дека катастрофата настанала по вина на шоферот Арни Пол, кој бил во пијана состојба и не требало да седне зад воланот, дури и двојката не требало да патува тој ден, но во последен момент тие ги промениле плановите и тоа ги доведе до смрт.