Новинарката Јорданка Ивановска Јоци објави снимка од инцидентот со Кежаровски

10722

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци која објави дека вербално била нападната од новинарот Томислав Кежаровски пред куќата на нејзината другарка каде отишла на роденден во скопската населба Лисиче, вечерва објави снимка од инцидентот.

„Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години. На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија. На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми. За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана“, пишува Јоци на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...