Во Македонија денеска пристигна екипата на ТВ Талин, национална телевизија од Естонија, која ќе снима репортажи на повеќе локации: Скопје, Старата скопска чаршија, Кале, Матка, Св. „Јован Бигорски“ и Охрид.
Целта е туристичките потенцијали на земјава да се промовираат на естонскиот пазар.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која го организира ова тридневно информативно патување, ТВ Талин е првиот медиум од Естонија што ќе ја промовира Македонија како туристичка дестинација и преку својот објектив ќе ги долови македонската култура, историја, традиција, храна и гостопримство.
АППТ воедно потсетува дека од први јуни до 15 септември годинава ќе има чартер линија Талин-Охрид-Талин.
– Со првиот лет на естонскиот авиопревозник „Нордика“ на 1 јуни од Талин до Охрид ќе допатуваат уште една група новинари, претставници од повеќе медиумски куќи од Естонија. Новинарите ќе имаат можност да се запознаат со Охридскиот регион и со своите репортажи и објави да придонесат за промоција на Македонија на естонскиот туристички пазар, наведува Агенцијата