Новинарите кои беа во Собрание на 27 април ќе ја тужат државата

447
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Најмалку 15 новинари кои известуваат од Собрание и на 27 април лани беа таму кога се случи упадот и насилството, ќе поднесат тужба против државата. Иницијативата е отворена и може да се приклучат и други новинари, сниматели и фоторепортери кои на „крвавиот четврток“ беа во законодавниот дом.

Тужбата ќе ја покренат по член 166 од од Законот за облигационите односи кој се однесува на „одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“.

Како што рече новинарот и уредник во Телма, Боби Христов, во граѓанска постапка ќе се бара надомест на штета и утврдување на одговорност на пратениците кои со дејствување или недејствување учествувале во предизвикувањето на штетата.

– Ние само си ја вршевме нашата работа на „крвавиот четврток“ – изјави новинарката, Душица Мрѓа порачувајќи дека сите кои беа загрозени на 27 април заслужуваат правда.

ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...