Пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски денеска беше нападнат со серија прашања од новинарите, но тој си зборуваше на телефон и не одговори на ниедно, утрово пред да влезе на рочиштето за предметот „Титаник“ за изборните нерегуларности.
Груевски деновиве се очекува да одговори на повеќе прашања поврзани со актуелните исклучувања во партијата, меѓу кои и зошто не дојде на синоќешната прослава организирана од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на македонската револуционерна борба.
Фото: Плусинфо