Нова шанса за невработените: Швајцарија бара истерувачи на ѓаволи

Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е се почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.

1933

Епископија на Римокатоличката црква во  Швајцарија бара нов егзорцист, кој ќе ги ослободува верниците од демони и поседување.

Градот Хур се уште важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија и општо во подрачјата на Швајцарија каде се говори германски јазик.

По смртта на епископскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во Швајцарија, епископијата е во потрага по нов истерувач на ѓаволи.

Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е се почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.

Поради егзорцизмот, епископијата  Хур е често мета на критики и католичкиот теолог Маркус Арнолд е загрижен за зголемениот број на егзорцизми во Швајцарија.

Епископијата во Хур истакна дека егзорцизмот е дел од задачите на еден епископ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...