Нова фабрика за тешка индустрија кај Железара нема да се гради

356

Не е вистина дека во Гази Баба ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамки на комплексот Железара. Самиот опфат согласно ГУП-от кој е на важност до 2021 година предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква, изјави Борис Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба.

– Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти.  Место за паника нема, граѓаните да бидат спокојни во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...