Нова ТВ: Финансиска полиција влезе на Клиниките за хематологија и ревматологија

Инспекторите ја истражуваат последната набавка на исклучително скапиот лек „Мабтера“ кој наводно бил донесен во земјава преку паралелен увоз.

1364

Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), објави НОВА ТВ.

Инспекторите ја истражуваат последната набавка на исклучително скапиот лек „Мабтера“ кој наводно бил донесен во земјава преку паралелен увоз.

„Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци“, потврдија за НОВА ТВ од Финансиската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...