Нова средба Димитров-Коѕијас во Њујорк во четврток

Средбата, како што е најавено ќе се одржи со присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

648
ФОТО: EPA/ALEX HALADA

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 24 и 25 мај 2018 год. (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас,  соопшти Министерството за надворешни работи.

Средбата, како што е најавено, ќе се одржи со присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

За средбата информира и од грчкото Министерство за надворешни работи.

Интернет изданието на весникот „То вима“ сребата ја нарече  последна шанса за договор.

– Оваа средба е од исклучиво значење и особено клучна за текот на преговорите. Можеби е и последна шанса за напредок по „бродоломот“ со името „Илинденска Македонија“ и враќањето на петте почетни имиња што ги достави Метју Нимиц. Секако, двете имиња што преовладуваат се Нова и Горна Македонија и веројатно разговорите ќе се движат околу овие сценарија -пишува „То вима“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...