Нова снимка за „Рекет“ – Катица за Лиле: „Не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“

4165
20160212 Friday katica janeva

Трето продолжение од снимките за аферата „Рекет“, утрово објави онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“. Во него повторно се слушаат гласовите на Бојан Јовановски – Боки 13 и Орце Камчев, како и гласот на Катица Јанева.

Тие зборуваат за враќање на пасошот на бизнисменот кој е осомничен во „Империја“, бидејќи како што вели тој треба да оди во Турција. Тогаш, Боки 13 ја вклучува обвинителката на спикерфон на која ѝ вели: „Во ред е, ги изразговаравме сите работи, ги апсолвиравме сите работи и нејаснотии“.

„Добро“, вика Јанева од другата страна, по што Боки 13 продолжува: „Они точно ги поднеле кај оваа, се повикале врз основа на начелното правно мислење кај Димишкова. Во случај она да не одлучи, он ќе го прати тоа среда-четврток со гаранциите за пасошот, после со спогодбата ќе иде и тоа другото така да се е ок“.

„Да се е договорено, како што е со Боки договорено“, се уфрла Камчев, а од другата страна се слуша Јанева велејќи „добро, добро“.

Пред да се заврши разговорот, таа кажува дека „другото, се го држи под контрола“, кога ја прекинува Боки 13 кој посочува оти Камчев се плаши од Лиле, а бизнисменот вика: „Не се плашам..“

„Јас многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“, вели Јанева, а Камчев кометира: „така е, така“.

„Му кажав јас дека она тука е под тебе и дека не смее“… додава Боки кога и завршува првиот разговор од снимката.

Вториот дел од снимката е телефонски разговор помеѓу Камчев и Боки 13, кога бизнисменот кажува дека осум души добиле покана од СЈО, меѓу кои ги споменува „братот на Ана“, „Миро МПМ“.

Од другата страна на линијата Боки 13 не е сам туку со женско лице, чиј глас се слуша послабо, а осомничениот во „Рекет“ ја прашува за тоа што му го кажува Камчев и му пренесува: „Подобро заради постапката за да пројде сè за на крај да биде силна спогодбата“.

Кога Боки 13 ја прашува дали има нешто да додаде, таа вели „за малку активности да има во април“.

Разговорот се завршува со тоа кога Камчев прашува „значи тежничко прашање, така? Да не збориме многу“, а Боки 13 одговара потврдно.

Камчев додава „шминка, шминка, чао“.

Во третиот дел од снимката е разговор во кој се споменува и премиерот Зоран Заев. Транскриптот можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...