Со нови содржини, нови ликови и на нова телевизија, во недела започнува новата сезона на „Фчерашни новости“.
Добро познатата екипа на Бранко Огњановски отсега секоја недела од 19.30 часот ќе ја гледаме на Канал 5 телевизија.
– Новости секако ќе има. Прво ни се збогатува екипата, што е дополнителен предизвик и за нас и на оние кои ќе станат дел од нас. Се надеваме дека новите учесници ќе оформат свои специфични ликови, кои ќе бидат препознатливи како оние досега. И да секако, работиме и на други моменти, нови рубрики, планирано е и реално шоу, нешто слично како лани што го правевме Болнички срвајвр… како и да е, ќе има новости кои ем се предизвик за нас, ем ќе бидат интересни за публиката – велат од „Фчерашни новости“.
Погледнете што ќе гледате во првата епизода од сезона 4: