Нова измама од Боки 13 – изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

6796

Скопска градежна фирма поднела кривична пријава против деловната партнерка на Бојан Јовановски за измама, објави емисијата Код на ТВ Телма, пренесе МКД.мк. И оваа фирма била измамена според истата веќе позната шема од договорите со ГП „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга.

Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка (засега не се откриваат имињата на партнерката и на градежната фирма) која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови.

На оваа шема, паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да си ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот. Големата уплата на сметка на приватно лице го привлекла вниманието на истражните органи.

Според договорот било предвидено изградба на станови, на спортски објекти, едукација за здрав живот и медиумска програма за општествена одговорност. Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, во изјава за Код рече:

– Се плашам дека сѐ ќе падне на грбот на Јовановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...