Нова жртва од несреќата кај Ласкарци: Почина 19-годишната девојка

945
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Девојката на возраст од 19-години, која беше во автобусот од несреќата кај Ласкарци, денеска починала.

Станува збор за девојката чија нога беше ампутирана.

Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), д-р Маја Мојсова, попладнево изјави:

– Тешки телесни повреди имаше девојчето. Четириесет дена борба водевме за нејзиниот живот. Имаше многу повредени системи, нагмечувања…Се боревме за нејзиниот живот, за жал, не ја добивме битката – рече д-р Мојсова, изразувајќи  сочувство до семејството на девојката.

Починатата девојка е 16-та жртва во несреќата кај Ласкарци. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...