Нова екипа во Комисијата за помилување на претседателот

734

Во Кабинетот на претседателот денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, работно тело на кое присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претседател на Комисијата е поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли, а членови се јавниот обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа, претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, универзитетскиот професор Темелко Ристевски, поранешниот судија во Врховниот суд Сафет Алиу, судијата во пензија Божин Аврамовски, лекарите Ерол Рушид и Зора Митиќ, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство, соопшти Кабинетот на преседателот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...