На руската социјална мрежа „ВКонтакте“ вечерва корисникот со псевдонимот „Илија Громовник“ објави нов прислушуван разговор, во кој тврди дека се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. На профилот стои дека моменталната локација му е Будимпешта и најавува дека ова е прва од новиот сет „бомби“.
Корисник со истиот псевдоним пред еден месец објави четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана“, „Кочо и Саше“, „Фрчко и Алберт Муслиу“, и „БЦ и Дамјан Манчевски“.
Според Законот за заштита на приватноста донесен во 2015 година, објавувањето на вакви разговори е противзаконски.