Фејсбук ѝ прогласи војна на новата апликција која тврди дека ви дава пристап до приватни профили на корисници на Инстаграм, пренесува „Метро“.
Софтверот е наречен Ghosty и бара од луѓето да дозволат пристап до нивниот профил. Во замена, може да се мушнат во профили на други корисници.
Апликацијата е симната над 500.000 пати на Google Play Store, каде нејзините креатори напишале: Може да влезете во сите профили кои сакате да ги разгледате, дури и тие скриените на Инстаграм. Може да симнувате и да споделувате фотографии или видеа од вашиот Инстаграм профил во вашата галерија.
Фејсбук сега вели дека ќе испрати писмо до Ghosty.
– Апликацијата ги крши нашите правила. Ќе им пратиме писмо на креаторите веднаш да престанат со активностите на Инстаграм, помеѓу другото. Истражуваме и планираме други акции во врска со случајот – велат од Фејсбук во соопштението.
Инстаграм е зафатен со тоа да ги скрие лајковите од профилите на своите корисници. Во седум земји се тестирани измените и сега ќе бидат проширени. На крај, никој нема да може да провери колку лајкови има некоја објава, освен лицето кое ја ставило на својот профил.
– Коментарите од тестирањето во Австралија, Бразил, Канада, Ирска, Италија, Јапонија и Нов Зеланд се позитивни, а ова е значајна измена на Инстаграм – пишува на официјалниот профил на апликацијата на Твитер.
Во објавата се додава дека се разбираат грижите околу ова, но ќе најдат начин како да се реши овој проблем за креаторите на кои им е важна бројката на лајкови.
Инстаграм претходно кажа дека со овој потег сака фокусот да се отргне од тоа луѓето да ја гледаат апликацијата „како натпревар“.
Раперката Ники Минаж рече дека ќе престане да ја употребува апликацијата ако лајкоивте на нејзините објави се избришат. Од друга страна, Ким Кардашијан смета дека оваа измена е добра идеја, особено за психолошкото здравје на луѓето.